Home About us News Partner discounts Andon Dukov Camp Legal documents Forms and requests Contact Join us Member login
← Back to news

Промовирана националната Кампања за ратификација на Конвенцијата за спречување насилство и вознемирување во светот на работата C190

На 14.4.2022 година во Скопје се одржа работилницата „Усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр. 190”, организирана од Меѓународната организација на трудот и Здружението за трудово и социјално право. На работилницата учествуваа претставници на академската заедница, судии, адвокати, правници, како и претставници на учесниците во трипартитниот социјален дијалог – Владата, организациите на работодавачите и на синдикатите. Видеото во прилог е составен дел од Кампањата за ратификација на Конвенцијата за спречување насилство и вознемирување во светот на работата. За работни места без насилство и вознемирување. Извор: Здружение на трудово и социјално право на Северна Македонија ЗТСП   14.04.2022