← Back to news
ССКЦ одржа работен состанок со министерот за здравство,
Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија – ССКЦ денеска одржа работен состанок со министерот за здравство, г-дин Азир Алиу. На средбата беа отворени низа значајни прашања поврзани со подобрување на условите за работа на вработените во јавните здравстрвени установи, унапредување на нивниот статус, активностите за доработка и примена на колективниот договор, актуелната состојба со ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје - ЈУЗР, како и процесот за потпишување на анексот за покачување на платите. Дополнително, беше дискутирано и за решавањето на проблемот со паркингот во кампусот „Мајка Тереза“, како и за идни активности и проекти во здравството.
ССКЦ го поздравува отворениот и конструктивен дијалог со Министерството за здравство и ја нагласува важноста од засилена и континуирана соработка меѓу двете страни. Договорено е средбите да продолжат со поголем интензитет. На средбата беше разговарано и за динамиката на новите вработувања, кои привремено беа одложени за време на локалните избори, како и за процесот на трајно вработување на приватните специјализанти.
Синдикатот останува целосно посветен на активно следење на сите процеси и на залагањето за правата, условите за работа и подобрување на статусот на здравствените работници во јавните здравствени установи.