Почетна За нас Вести Поволности Камп Андон Дуков Колективни договори Обрасци и барања Контакт Зачлени се Најава за член
← Назад кон вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Ве известуваме дека согласно одредбите од член 21 од Општиот колективен договор за јавен сектор, вработените во јавниот сектор имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 30% од основицата, под услов работникот да има остварено најмалку 6 месеци работа во календарската година кај ист работодавач. Според став(4) од истиот член: „Основица за пресметување на регрес за годишен одмор претставува просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.“ Врз основа на ова, официјалната сума за регрес за годишен одмор во јавниот сектор за 2025 година изнесува 12.372 денари. Со почит