← Palpale ka nevimata
ЈУЗР доби анекс на колективниот договор – обезбедени покачувања за вработените!
По долг временски период на интензивни преговори, Самостоен синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во република македонија-ССКЦ, заедно со работодавачот, успешно потпиша анекс на колективниот договор со Јавна установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи – универзитетските клиники, заводите и Ургентниот центар Скопје.
Со потпишувањето на овој анекс, вработените во јавната установа конечно ќе ги добијат ветените покачувања на платите, со што се надминува две годишната нееднаквост и се става крај на дискриминаторскиот третман во однос на нивните примања и работнички права.
Ова претставува значаен чекор кон унапредување на статусот на здравствените работници, подобрување на нивната материјална сигурност и признавање на нивниот труд и придонес во здравствениот систем. Потпишаниот анекс обезбедува поправедни и подостоинствени услови за работа, во согласност со принципите на еднаквост и социјална правда.